Господине Заев ако бевте искрен како што велите требаше да ни кажете на пример: Како вашиот кандидат Ангеловска планира да ја извлече Македонија од оваа ситуација? Нас ни треба да слушнеме објаснување како би се реализаирала одредена политика од новите министри, а не да читаме за нивната биографија, рече Лилјана Затуроска пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на седницата за избор на новите министри предложени од премиерот Заев.
Потребно е господине Заев да се објасни за многу политики што се планирани од страна на новата министерка за финансии, истакна денеска пратеничката Затуроска.
Премиере требаше да ни кажете за нејзината визија, како планира да го менаџира Буџетот, не слушнав какви мерки, стратегии планира за да ја стопита вашата намера за задолжување на државата. Потоа треба да слушнеме какви мерки ќе преземе за странски инвестии, пишува во кратката биографија дека ќе овозможи младите да ги задржи во земјава, но не кажа со кои мерки. Не е мерка ако на своите вработени им плаќа 12.500 денари. Тогаш ова не е мерка за задржување на младите, додаде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.