Гордана Димитриеска Кочоска во своето видео обраќање упати порака до граѓаните на Македонија дека во овој перод на економска криза сите ние можеме да помогнеме со нашето однесување. Таа потенцира дека ова е време кога мораме да го поддржиме македонското производство и домашното стопанство.

Во период економска криза која ќе продолжи да се продлабочува сите ние можеме да помогнеме со нашето однесување.

Ова е време кога мораме да го поддржиме македонското производство и домашното стопанство.

Како за здравјето, да се однесуваме одговорно и совесно и во економијата.

Купувајте македонски производи. Со купувањето на македонски производи се насочуваме кон поддршка на домашното стопанство. Така спасувате и работни места, многу луѓе да си ја задржат својата егзистенција, вели Димитриеска Кочоска.

Затоа што ја сакаме Македонија! Купувајте македонски производи!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.