Владата засега не планира да ја ограничи промената на цените на основните производи, нешто што од денеска е на сила во Србија. Како што велат од владата, состојбата со движењето на цените се следи и ако цените почнат побрзо да растат, не е исклучено мерки да има.

Замрзнување на цените во земјава може да предложи Министертсвто за економија повикувајќи се на Законот за трговија. Од кабинетот на министерот велат дека поспакување на одредени производи има и тоа се должи на берзанските цени на струјата и нафатата.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статстика за месец октомври 2021, раст на цените на мало е забележан кај маслото од 2,3%, лебот и житата 1,8%, месото 1,7%, млекото 0,7%, сирењето и урдата 0,5% и други прехранбени производи 1,2%. За месец ноември 2021 ја следиме состојбата со растот на цените, за што доколку значително се забрза растот на цените Министерството за економија ќе процени за превземање на следни чекори – велат од Министертвото за економија.

Во Србија од денеска цените се ограничени на нивото од 15 ноември. Мерката прецвидува дека во следните 60 дена не смее да поскапуваат млекото, маслото, шеќерот, брашното и свинското месо. За тие што ќе ја прекршат мерката казните достигнуваат и до 17.000 евра, а предвидено е и затворање на дејноста во траење од 6 до 12 месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.