Заради неспособноста на власта покрај струјата ќе се покачи и цената на парното, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта ги испразни хидроакумулациите во лето и продаваше евтина струја, за сега кога струјата руши рекорди да увезува скапа струја. Загубата е десеткратна. Наместо да копа јаглен, власта распипуваше непотребни тендери во РЕК, а сега краде струја од Европа па плаќа пенали во милиони евра. Кога државите низ светот и регионот работеа на снабдување со гас, власта не мрдна со прст. Сега како последица на тоа има најава за зголемување на цената на парното. Власта е неспособна да менаџира со енергетскиот сектор. Државата секој ден е во се подлабока криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.