Преспанскиот регион деновиве личи на вистинска депонија. Фрлени се над 30 илјади тони јаболка. Производителите за „Пресинг тв“ велат дека во моментов во овој регион кој каде стигне, таму фрла јаболка.
Револтирани, велат дека состојбата е катастрофална и никогаш во историјата на Македонија и на постоењето на јаболкопроизводството не се памети ваква слика – масовно да се фрлаат јаболките кои се произведени со мака, а земјоделците наместо да заработат, се во тотална загуба.
Состојбата е уште позагрижувачка, поради тоа што јаболките масовно се фрлаат по реки, по заштитени подрачја, на брегот од Преспанското езеро, со што постои опасност од еколошка катастрофа.
Пред само неколку месеци, истите земјоделци алармираа дека постои опасност јаболката да не бидат откупени и дека станува збор за огромна количина од над 70 илјади тони јаболка. Здруженијата беа на неколку средби во ресорното министерство, а владините претставници ветуваа помош.
Менде Ивановски производител на јаболка вели дека по нивните апели , во Преспа разговарале со откупувачите и претставници на министерството, по што дел биде извезени во Бугарија , но поради немање на соодветни услови за складирање, производството се расипало и над 20 илјади тони јаболка останале непродадени и фрлени по дивите депонии, што и според нив е една од најлошата варијанта.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.