Во рамките на континуираните активности согласно одлуките на Владата, Државниот инспекторат за земјоделство во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансво, Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид и Езерската полиција на ден 20 мај 2020 година, спроведе акција за сузбивање на нелегалниот риболов во водите во Охридското езеро.
Притоа, во езерото кај автокампот „Андон Дуков“, се затекнати три лица како вршат нелегален лов на крапот и го внесуваат во една од околните бараки. По претходно обезбеден налог за претрес од надлежен јавен обвинител извршен е претрес и одземени се 10 гајби со мрежи за лов на крап со различна големина и риба „крап” во тежина околу 60 килограми. Во акцијата е запленет и еден метален чамец.
Против три лица ќе бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни пријави од страна на МВР – Езерска полиција и Државниот инспекторат за земјоделство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.