Заменик-министерката за финансии Ширет Елези смета дека проектот „Купи куќа купи стан“, кој беше воведен во 2011 година е еден од најдобрите проекти на ова министерство.

Проектот купи куќа купи стан е еден од најдобрите проекти кој ги имаме издвоено како Министерство за финансии, рече заменик-министерката Елези во интервјуто за ТВ 24.

Таа кажа дека од почетокот до воведувањето на проектот до сега одобрени се над 1325 барања на граѓаните за овој проект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.