Во Пехчево беа презентирани резултатите од проектот „Жалфија – лек за век“. Проектот го реализира Движењето за околината „Молика Дом“ од Битола во соработка со еколошкото здружение „Кладенец“ од Пехчево. Целта е поттикнување на одгледувањето на жалфија во Малешевскиот регион.

Целта на овој проект е да мотивираме дел од младата популација во двата региона Пелагонсикиот регион и Малешевскиот регион да почнат со одгледување на жалфијата која сметаме дека е една од оние видови ароматични лековити и медицински растенија која може да донесе дополнителен приход во семејствата. Активностите се спроведуваа со млади од три села во Пелагонискиот регион и три села во Пехчевскиот регион, на кои им беше доставено семенски материјал од жалфија, беа засадени одредени површини како расад и во делот на овој период кој следува ќе треба тој расад да се засее на поголеми површини – инфомира Петар Андонов од здружението „Молика Дом“.

Заедничкото гледиште на здруженијата „Молика Дом“ и „Кладенец“ е проектот да продолжи понатаму со вклучување на бизнис секторот

Бизнис-секторот на некој начин би бил наш партнер преку вршење откуп на оваа суровина како прозивод со што идејата би била одржлива. Одржливоста ја планираме на тој начин што ќе создадеме еден вид задруга која ќе има можност да одреди поголема количина на жалфија и одредена заштитна цена – додаде Андонов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.