Претседателот на ВМРо-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претставници на пратеникчката група на ВМРО-ДПМНЕ ги посетија пазарџиите на Зелениот пазар и разговараа за проблемите што ги отвора новото законско решение што го донесе Владата на СДСМ и ДУИ.
Она што уште е потрагично е што не се обидува да се најде вистинско решение за проблемите на овие луѓе, туку истото се пролонгира за една дополнителна година. И се обидуваат повторно со игра на ниски страсти да манипулираат со овие луѓе така што би ги обезбедиле да речеме нивните гласови за следните претседателски. Јас верувам дека ќе се одважат и ќе донесат одлука и за предвремените парламентарни избори, рече Мицкоски на Зелениот пазар.
Мицкоски ги информира пазарџиите дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата „За подобра Македонија“ и пратеничката група поднесе закон со кој се бара укинување на ова законско решение по итна постапка.
Ќе се организира јавна расправа, на која ќе учествуваат и луѓе од пазарите во Република Македонија за да можат да си ги кажат маките и да можат политичарите од владата да ја слушнат вистинската вистина и вистинските сведоштва на овие луѓе за сите овие проблеми со кои што они се соочуваат. А, не само да ветуваат пред избори, а потоа фино залегнати со топлинки, и навлечени во кожни фотелји да носат законски решенија од ракав што не само што не се функционални туку и носат зло за оваа категорија на граѓани, рече тој.
Мицкоски вети дека една од првите одлуки на влада што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ доколку СДСМ и ДУИ прифатат предвремени парламентарни избори ќе биде укинување на ова законско решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.