Синдикалците и стопанствениците вечерва во „Топ Тема“ го критикуваа законот со кој недела се прогласува за неработен ден. Стопанската комора најави и дека ќе го оспори законот пред Уставниот суд како неуставен заради дискриминаторските одредби за трговијата на големо и мало.

Сите сме за исто. Иако претставниците од Синдикатот велат недела по секоја цена да биде неработен ден, економската логика на функцијата на државата тоа не го дозволува, вели Даниела Михајловска од Стопанската комора на Македонија, во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Таа информира дека Комората бара контрола на системот на државата.

– Нека има контрола, па нека се работи во недела. Не можете вие да му го скратите правото на некој да работи во недела. Некој сака да работи дневница плус. Имаме сериозен број работници кои сакаат да работат за празници и трета смена, каде се плаќа повеќе, затоа што на крајот оди во стажот. Сепак, за жал контролата изостанува – додаде Михајловска.

Во оваа форма ние законот за недела неработен ден не беше наш предлог и не го поддржувавме вака, бидејќи оваа форма ништо не ги подобрува работничките права туку имаме само манипулација со работниците. Имаме многу двосмилености и недокажаности во законот, изјави за „Топ тема“ на Телма претседателот на КСС Благоја Ралповски.

– Во ставот 3 во законот се одредуваат еден куп дејности кои работат, ние од КСС укажавме дека ако важи за еден работник треба да важи за сите работници. Кој ќе работи во недела да биде платен 100% зголемена дневница. Но доаѓаме до ситуација каде се вика дека ќе работи царина, но каде се шпедициите, или со бајпас на законот за работни односи што е недозволиво преку законот за трговија се дозволува да работат молови или поголеми маркети, а каде се занаетчиите? – прашува тој.

 

Ние не би се бунеле ако имаме евиденција на работно време и се почитуваат работничките права, вели Кристина Ампева од Гласен Текстилец во гостувањето во „Топ тема“.

– Сето ова што е 60 часа за работниците што ќе работат на автопатишта и сметам дека се ќе биде поништено на Уставен суд, затоа што сметам дека овој закон не смее да помине во ваква форма, затоа што ова е уназадување на работничките права и враќање во феудализмот, а не подобрување – рече Ампева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.