„За татковината со љубов“ e иницијатива за консултации за важни прашања од интерес за земјата со една широка листа во која се вклучени личности со различни експертизи и од различна политичка провиниенција, информираше премиерот Заев во ТВ-интервју.
Тоа е идеја и понуда на заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања Битиќи, со која сум запознаен. Иницијативата е во согласност со отворениот пристап на оваа влада за инклузивен процес кога се во прашање важни, стратешки прашања од интерес на граѓаните и државата. Јас секогаш имав и имам отворена понуда до опозицијата за заеднички разгледувања за различни големи иницијативи, но не прифаќам во фокусот на таа понуда да биде ситниот партиски интерес и политички профит. Еве, како најнова понуда е да разговараме за Законот за Клиничкиот центар, на пример, и подготвени сме да ги слушнеме мислењата на сите за да постигнеме најдобро и најефикасно решение за еден ваков стратешки објект во јавното здравство, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.