Увид во работите на изградбата на индустриската зона кое ги опфаќа атарите на селата Речица и Коњаре во Општина Куманово, како и разговор со стопанствениците од општината, беше повод за средбата на премиерот Заев, со градоначалникот на општината, Максим Димитривески, со претставниците на бизнис заедницата во Куманово и регионот.
Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Спасовски и уште неколку функционери, ја проследија презентацијата на работите на индустриската зона на градоначалникот Димитриевски кој истакна дека овој стопански комплекс отвора сериозни можности за понатамошен просторен развој кој воедно ќе претставува и економски развој на самата општина.
Мене ме радува што во оваа индустриска зона веќе има изградено два објекта, сериозни инвестиции на приватниот капитал. Владата во изградбата на оваа зона ќе учествува со 20 милиони денари и со учеството на делот од општината тоа се средства кои ќе придонесат сите инфраструктурни потреби натре, канализација, водовод, струја, да бидат на време завршени. Ќе издвоиме во Буџетот за идната година и дополнителни средства за да се комплетираат работите и деловните луѓе од Општина Куманово да добијат зона според највисоки стандарди за развој на нивните бизнис проекти, нагласи премиерот Заев.
Одличната локација на зоната, на потегот на Коридорот 10 е од огромно значење и интерес за инвеститорите бидејќи им отвора големи можности што доаѓаат од регионалната соработка и поврзување за брза и лесна комуникација со партнерите и пазарот од регионот со потенцијал од 20 милиони потрошувачи. Сите наши средби со политичките лидери од регионот за да го олесниме бизнисот, да ги намалиме административните и царинските бариери на кои годишно се губат големи финансиски средства, потенцираше премиерот Заев на средбата со бизнисмените и општинските функционери во индустриската зона „Новине“ .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.