Oбезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места. Поддршката за исплата на плати продолжува да важи и за последниот квартал од годината (за октомври, ноември и декември), објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
– Новост во мерката е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал, наведува Заев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.