Истиот ден кога премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев тргна со карванот под мотото „На прав пат сме“, од Македонија на пат во странство заминаа шест автобуси со млади лица.

Весникот на албански јазик „Лајм“ објави видео на кое се прикажани полни автобуси со млади лица, за кои пишува дека се претежно од скопски Сарај и од Тетово, а кои го фатиле „правиот пат“ за во странство.

Видео од Сарај, си оди младината, шест полни автобуси со нашата младина. Тага и солзи во нивните лица, пишува Лајм.

Оваа видео приказна е само уште една потврда дека младите секојдневно ја напуштаат Македонија и заминуваат во Германија, Италија и другите европски земји.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.