Премиерот Зоран Заев го повика текстилниот Кластер да го почитува Законот за работни односи и да не се бара, како што рече изнасилено решение за работниците во конфекцијата. Текстилните работници да работат по 8 и пол часа, за да може паузата од половина час да им биде платена, бараат сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер. Во писмо кое го испратиле до министерките за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Нина Ангеловска, но и до вицепремиерот Кочо Анѓушев образложуваат дека сегашното работно време од осум часа односно од ефективни 7 и пол часа, како што велат, затоа што работниците имале и платена пауза, ги правеле фабриките неконкуретни во однос на тие од регионот.

Ако барањата се изнасилени, тоа ќе биде одбивно за другата страна, без разлика од која страна доаѓа барањето. Само со договор има профитабилност има корист од работата, а секако и за работниците и за работодавачите. Многу е значајно ако двете страни се договорат да работат за време на празници или да работат дополнително од работното време, се знае дека тоа мора да биде екстра наплатено на работниците и во согласност и со договор со нив. Никако изнасилено, заради тоа што тоа е казниво по закон, вели Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.