Постапките за приватизација или за јавно-приватно партнерство во претпријатијата кои се во државна сопственост, според премиерот Зоран Заев треба да се отпочнат и да се завршат, бидејќи тие имаат потенцијал да растат и да бидат европски, а при тоа и да го зголемат БДП и да осигураат поголеми плати и да бидат компетитивни и на регионалните и на европските пазар.
За Македонска пошта имаме стартна документација, за Македонски железници – транспорт има обезбедено документација, за ТЕЦ Неготино ќе се изработи физибилити студија во наредните месеци. Верувам наверемено ќе ги звршиме овие постапки, без разлика дали ковид опстојува или е во одминување или нема сигнали да одмине, ние мислиме дека овие посапки треба да ги отпочнеме. Тоа се наши потенцијали кои може да растат и да бидат европски и да го зголемат и БДП и да осигураат поголеми плати и да бидат комептитивни на регионалите и европски пазари, рече Заев на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашње.
Истакна дека има огромен интерес, особено за ТЕЦ Неготино, заради географската лоакција, да се искористи. За Македнска пошта рече дека има свој потенцијал со приватен партнер ќе може да се осовремени, согласно новите техники, додека за Македонски железници, потенцијалот го гледа во тоа што „Република Македонија станува значајна раскрсница со сериозен економски интерес и меѓу кои и искористеноста на железничкиот транспорт ќе биде уште поголема“.
Запрашан за испраќањето економски промотори во дипломатско-конзуларните претставништа на земјава, рече дека очекувањата му се исклучително позитивни и дека преку тоа се очекува да се зајаканат севкупните капацитети.
Повеќе од години се дебатираше за оваа активност. Се работи за економски советници во ДКП-ата на наши клучни дестинации, каде како тим со абмасадорот и други советници во амбасадите ќе направиме дополнителна можнсот за да ги запознаеме нашите странски потенцијални инвеситтори и компании и да ги привлечеме да инвестираат, но и да ги промовираме наши производи за да отвориме нови пазари, кои дефинитивно би ја зголемиле нашата продуктивност. Моите очекувања се исклучително позитивни и верувам дека ќе успееме и преку нашите амабасади и економски советници да ги зајакнеме севкупните капацитети. Модерна дипломатија е насочена кон економска претставување, изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.