Повисоки стапки на економски раст и подобар квалитет на живот за граѓаните се во фокус на оваа Влада. Во тој правец е димензиониран и Предлог-буџетот за 2022 година, наведува во објава на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Тој истакнува дека вкупните приходи се за 7,4 проценти повисоки од 2021 година и се планирани на 238,9 милијарди денари, додека расходите се за 1,4 проценти повисоки од 2021 година, а се планирани во износ од 272,4 милијарди денари. Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки за 27 проценти во однос на Буџетот за 2021 година. Тековните расходи се намалени за 4,3 милијарди денари во однос на 2021 година.

Непродуктивните трошења, истакнува Заев, ќе се намалуваат, а ќе се позајмува само за реализација на инвестициски проекти во клучните инфраструктурни области што ќе генерираат економски раст.

Ја интензивираме реализацијата на инфраструктурните проекти, во патната, железничката, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството. Продолжуваме и со поддршката на реалниот сектор, преку КОВИД програми, за што се издвоени 4,6 милијарди денари, пишува Заев во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.