Премиерот Зоран Заев вели дека сите вработувања ќе бидат проверени, по критиките во јавноста дека во државните фирми се вработуваат блиски луѓе на функционери.

Ќе направиме конкретна анализа и проверка на оваа работа. Ќе ги видиме сите постапки како се направени. Во последната година имаме 40 илјади вработувања, доминантно во приватниот сектор, но голем и значаен дел се во јавните институции на испразнети места. Ќе ја направиме анализата, ќе ги видиме постапките и секаде каде што има привилегии, протекции или какво било влијание ќе бараме повлекување на таквите места, заради тоа што сакаме да испратиме порака дека сите во општеството дури и деца или кој било, не знам на некој функционер имаат шанса во оваа наша Македонија“, вели Заев.

Тој додаде дека се работи за дваесет вработувања од 20 илјади, но и да станува збор за две вработувања треба да бидат транспаретни.

Реакции имаше поради вработувањата на ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери, синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми, сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши – сите во ЕЛЕМ или во МЕПСО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.