Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретна и со гевгелиските пензионери, кои му го пренеле своето незадоволство од политиките на сегашната Влада.
Велат Владата нè разочара, не се купува гласот со она малку што ни го даваат пред изборите и што е неколку пати помалку од она што ни следуваше. И во право се, тоа се вика измама. Го гледам Заев игра шах пред некој ден, се наместиле на сликање, се сети на пензионерите 2 месеци пред избори. Но играњето шах е помалиот проблем, проблемот е што Заев си игра со 300 илјади пензионери и удира по нивното достоинство, порача Мицкоски.
Мицкоски потсетува дека со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ и Заев во првите 6 месеци од 2019-та одзема 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019-та одзема дополнително 705 денари месечно.
Вкупно во 2019 година СДСМ на пензионерите им одзеде 6.900 ден или по 575 денари месечно. Денес покачувањето со кое се фалат е помало од парите кои им ги украдоа. Затоа нивните пензии мора да се покачуваат многу повеќе за да можат да ги следат трошоците на живот кои растат многу повеќе од тоа што Заев го нарекува зголемување на пензиите. Да не збориме за другите права и услуги кои им ги укинаа. Следува вистинска грижа за пензионерите, следува и враќање на достоинството и почитта. Следува обнова од која ќе се забележи разлика и подобар живот, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.