Премиерот на Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик-премиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, се сретнаа со претставници од Грчката бизнис асоцијација во Скопје во којашто членуваат големите грчки компании, коишто работат во државава.
Присутните на средбата разговарале за проширување на соработката помеѓу двете земји преку значително и ефикасно унапредување на економската соработка.
Како што велат од Владината прес-служба, целта е отворање можности за развој на компаниите и на економиите на двете држави, за што постојат реални услови и за што Грчката бизнис асоцијација во Скопје може да даде свој придонес.
Во таа насока разгледани се и некои конкретни иницијативи, како што е реафирмација на иницијативата за избегнувањето двојно оданочување, како можност за придобивки за двете страни.
Претстои период во којшто граѓаните од нашите две држави ќе почувствуваат бенефити од зацврстените пријателски односи. Тоа е возможно преку економијата и активно ќе соработуваме со нашиот стратешки партнер Грција – изјави премиерот Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.