Зоран Заев го злоупотребува буџетот за поткуп, наместо за помош на граѓаните и стопанството. Таканаречениот пакет на антикризни мерки заврши за купување гласови. Доказ дека мерките немаа реален ефект се 55.000 работници на улица.
Заев се фали дека блескаме, а народот нема ниту за леб – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, во времето на Заев во последната година, се случи втората најмасовна катастрофа во економијата, по транзицијата.

1.5 милијарди евра е зголемен јавниот долг, а економијата тоне. Граѓаните секој ден се се посиромашни. Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. Народот буквално неа за леб, а Заев се фали со некакви 1.2 милијарди евра помош која е исплатена. Помошта на Заев е лага. Доказ за тоа се и тутунарите, кои не можат да измолат за откуп на нивниот тутун, и десетици илјади семејства кои ќе останат гладни. Доколку Заев навистина исплатил 1.2 милијарди евра помош, немаше да имаме катастрофа на секој чекор – стои во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.