Барам чист мандат на следните избори и повикувам за СДСМ да гласаат и граѓаните од другите етнички заедници. На 12-ти април излегуваме со очекувањето дека напредокот на државата ќе продолжи и дека никогаш повеќе нема да се врати режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ, уверува претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Нам не ни треба нови кавги со Албанците дома и со соседните држави. НАТО и ЕУ се затворени прашања, односите дома меѓу заедниците исто така, затоа барам мандат за да видат граѓаните каков економист можам да бидам. Сакам судството да го изнесам на прав колосек и затоа ќе го прочистиме, образованието да го направиме конкурентно со профилирани кадри, здравството да има мотивирани лекари, да создаваме современа култура, а не античка, како и да ги зголемиме социјалните трансфери, платите и пензиите“- изјави претседателот на СДСМ во интервјуто за ТВ Клан
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.