Растот на Бруто домашниот производ (БДП) од 13,1 процент во вториот квартал од годинава укажува дека кризата одминува и економијата заздравува, оцени денеска премиерот Зоран Заев.
Во обраќањето на Првата годишна конференција, што ја организира Министерството за финансии, Заев осврнувајќи се на денешните статистички податоци за БДП, рече дека тие се потврда дека економијата е стабилна и ќе расте.
Официјално е објавено од Заводот за статистика дека во вториот квартал од годинава е регистриран позотивен раст на Бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент. Ова значи дека првото полугодие од оваа година постигнавме раст на БДП од 5,6 проценти – истакна Заев.
Според проекциите на Владата годинава економијата ќе бележи раст од 4,1 процент, а очекувањата се дека извозот ќе бележи раст од 10,6 проценти и бруто-инвестициите осум проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.