Уште едно двојно сечење црвена лента залиено со скапо шампањско. Овојпат по шест години од првото, реатираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип по вчерашната свеченост, на која присуствуваа премиерот Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев по повод повторното пуштање во употреба објекти за снабдување со здрава и квалитетна вода за пиење во општина Пробиштип.
И едните и другите собрани на едно место со една очигледна цел – сликање за на социјалните мрежи и медиумска промоција (и за да пробаат некое скапо шампањско), некако подзаборавија да споменат дека проектот со кој денес се фалеа го изработи токму претходното раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, а донацијата од Р. Словенија беше обезбедена на 1 Септември 2017 година (за ова во прилог Ви прикажуваме и документ, а со истиот тој документ многу добро е запознат и сегашниот Градоначалник.
Тоа што новата локална власт го продоложи проектот “од немај каде” за да не “падне брука” и да не ја изгуби донацијата од 600.000 евра, ја потврдува нивната денешна објава на социјалните мрежи каде незнаењето за тоа “Што е целта на проектот и што опфаќа” се обиделе да го покријат со цитирање на делови од проектната документација!
Да знаеја што е проектот и како воопшто се работи на терен, немаше да им бидат потребни речиси две години за замена на вентили и пумпи, а со тоа и ќе немаше потреба да се пробијат роковите за завршување на проектот.
Но, еве и тоа се случи, СДСМ повторно пушти во (ре)употреба проект на ВМРО-ДПМНЕ. На чудата им нема крај!, реагираат од ВМРо-ДПМНЕ.
Инвестицијата која ја посети Заев е на инвеститор дојден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Договорите беа склучени и промовирани од високи претставници на минатата Влада.
Премиерот Заев, пак, наудрен, посочи дека со ова се решава проблемот со водоснабдувањето за жителите на општината и додаде дека проектот во вредност од 1.200.000 евра е остварен со учество од 600.000 евра од Владата и исто толку од владата на Словенија и словенечкиот Центар за меѓународен развој и соработка.
Со намера оваа поддршка да добие уште поцврста системска структура, на една од последните седници на Владата донесовме одлука за формирање меѓуресорска работна група задолжена за обезбедување натамошен квалитетен развој и имплементација на процесот на децентрализација и на рамномерниот регионален развој, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.