Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, соопшти владината прес-служба. Како предводник на владината делегација, Заев ги презентираше и можностите за инвестирање во Македонија пред австриски бизнисмени.
Заедно со вицепремиерот Анѓушев ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, пред претставници на бизнис секторот од Австрија.
Нашата земја е со економски раст од 3,6% и перспектива за забрзан економски развој. Австриските компании носат професионалност, знаење и долгорочно партнерство, и затоа посакуваме да видиме што повеќе инвестиции од Австрија во нашата земја, напиша Заев на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.