Атомобилскиот гигант „Фолксваген“ воопшто не ја разгледувал Македонија во финалната фаза за инвестиција, објави потпретседателот нан ВМРО ДПМНЕ Александар Николски на својот профил на фејсбук.
Затоа што корупцијата цвета, а економијата тоне ‘Фолксваген’ воопшто не ја разгледувал Македонија во финалната фаза за инвестиција, Заев повторно излажа!
Деновиве ‘Фолксваген’ официјално објави дека својата нова голема инвестиција ќе ја отворат во Турција. Таму вложуваат фантастични една милијарда и четиристотини милиони долари отвараат над пет илјади директни работни места и уште двојно повеќе индиректни, ќе произведуваат над триста илјади коли годишно главно ‘Пасат’ и ‘Шкода Суперб’, пишува Николски.
Според потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, она што е особено интрересно е што во информацијата на „Фолксваген“ дадена за престижниот „Блумберг“ велат дека во финална фаза биле земени во предвид покрај Турција и Бугарија, Србија, Романија и Северна Африка.
Со ова ‘Фолксваген’ потврдува дека Македонија никогаш не влегла во финална фаза за избор, а да не зборуваме фабриката да се гради во Македонија! Така за жал лажеше Зоран Заев кој во јануари месец зборуваше дека само што не се донела одлуката па дури и го злоупотребуваше името на Канцеларката Меркел и советникот за надворешна политика Хекер. Но на лагата и се кратки нозете.
И да бидеме начисто Фолксваген воопшто не ја зел во предвид Македонија затоа што слушааат и знаат дека корупоцијата цвета, дека фирми се рекетираат, дека им се нудат ” стратешки партнери” кои би зеле пола од фирмата за без пари, знае Фолксваген дека тоне во криминал и корупција цела Влада и затоа не ни сака да размислува, а камо ли да инвестира во Македонија!
Затоа оваа Влада треба да си замине час поскоро, ден поскоро и да дојде нова која ќе ја обнови Македонија, со тим на способни и компетентни луѓе кои ќе ги донесат големите светски корпорации во Македонија, а ќе ги покренат и домашните фирми, тим на способни луѓе со цел да го зачуваме народот да остане во Македонија, а не секојдневно да ја напушта државата! Деновите се одбројани, доаѓа обновата на Македонија!
https://www.bloomberg.com/…/volkswagen-establishes-unit-to-…, пишува Николоски на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.