Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања најави дека легализацијата на марихуаната нема да значи само привилегија за богатите, туку предвидува секој да може дома да огледува две до три стебла.

Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично. Целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла, под контрола на агенцијата којашто е предвидена во самиот закон, за сопствена потреба да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија да ги одгледува за него како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично – изјави премиерот Заев.

Заев посочи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и се прави развој на одредени стопански гранки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.