Стопанските комори на Македонија ќе предложат замена за вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, ако СДСМ успее да формира нова Влада. Ова го изјави премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција.

Тој е повикан од коморите за овој мандат и ќе разговараме за следниот мандат кој ќе биде од коморите. Прифаќањето на честа и одговорноста да биде вицепремиер и да се откаже е негово право. Тој менаџира со големи компании, добивката му е падната, ќе разговараме ако граѓаните ни ја дадат честа за нова Влада. Тој е одговорен политичар, рече Заев.

Анѓушев вчера во Топ Тема рече дека после изборите, без оглед на нивниот исход, ќе им се врати на своите компании и на Машинскиот факултет каде што е професор.

Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато, да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто“, изјави Анѓушев во Топ-тема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.