Премиерот Зоран Заев денеска на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека за две години во државава има нови 49.552 вработувања и оти тие бројки се однесуваат за нововработени граѓани, а не за новоиселени.
Нови 49.552 вработувања во Македонија за две години! Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 вработени лица, додека во првиот квартал на 2017 година вкупно вработени биле 739.892 лица. Тоа не се ново-иселени лица, туку ново-вработени граѓани, тука, во нашата земја, наведе Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.