Предлог за нов министер за финансии ќе биде Нина Ангеловска, изјави премиерот Зоран Заев по седницата на Централниот одбор на СДСМ. Предлогот веќе утре ќе биде доставен до парламентот.

Елизабета Наумовска ќе биде предложена за нов заменик-министер за образование, Кирил Колемишевски за нов министер за економија и Неџат Мехмедовиќ за заменик-министер во Министерството за политички систем.

Заев рече дека со ваквиот предлог се испраќа порака дека младите треба да се ангажираат, да се борат, да се образуваат затоа што високите позиции се достапни за сите.

На Централниот одбор избрани се пет партиски потпретседатели: Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.