Премиерот Зоран Заев во гостување на македонската телевизија со уредниците на националните телевизии призна дека Владата планира ново задолжување на државата за покривање на долговите.

Не планираме за четвртиот пакет мерки да се задолжуваме, но не велиме дека нема да се задолжуваме. Дел од обврзницата оди за враќање на кредити – изјави Заев.

За потсетување, Владата пред само три месеци ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра.

Рочноста на еврообврзницата е шест години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675 проценти.

Според експертите, за разлика од земјите од регионот, каматата за евробрзницата на Македонија е највисока.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.