Премиерот Зоран Заев денеска рече дека владата ќе фаворизира употреба и набавка на електрични или хибридни возила за владините институции, апелирајќи и до другите државни органи, каде што е можно да се користат еколошки превозни средства. Како што кажа тој, целта е да се даде пример на граѓаните за заложбите за заштита на животната средина.

Веќе дадовме инструкција на објавениот тендер на службата за општи и заеднички работи да видат дали може 10, 20, 30, 50% да вклучат во набавката електрични или еколошки возила, а инструкции се дадени и на сите други институции да не набавуваат ако не мораат. Таму каде што мора да се набавува, најчесто за инспектори на терен, болнички возила или слично, да се набавуваат модерните еколошки возила, вклучително електричните, за коишто ќе одиме со нула царина, нула данок на моторни возила и слично, па дури и хибридните, коишто често се електрични или на природен гас, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.