Пензионерите идната година ќе добијат огромно зголемување на пензиите, и тоа ќе биде врз основа на еконосмкиот раст, вети
премиерот Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во Штип во рамките на кампањата „На прав пат“, одговарајќи на прашање на пензионер, кој го праша премиерот зошто пензиите не се качени за 10 отсто како што и беше ветено во предизборната кампања.
Не може да се расфрламе со парите само затоа што доаѓаат избори. Првата политика е да го стабилизираме пензиснкиот фонд…Сега има законски механизми и со раст на економијата така ќе растат пензиите Штом ќе се направата анализите на здрава основа ќе има зголемување и тоа такво покачување како што досега не е видено и тоа во апсолутни бројки, рече Заев.
Тоа ќе следува на ист начин како кога беше донесена одлука за зголемување на пензиите на почетокот на оваа година врз основа на минатогодишниот раст.
Премиерот најави дека следната година ќе има и по 100.000 денари плата за специјалистите и 500 евра просечна плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.