Одговарајќи на новинарско прашање, кога парите од петтиот пакет на мерки ќе се искористат во стопанството, а конкретно во текстилната индустрија, во која лани без работа остана речиси 6.800 работници, премиерот Зоран Заев изјави дека дел од средствата од петтиот пакет мерки веќе се операционализирани. како што вели Заев, од 160 милиони евра се платени концесиите на 120 медиуми во земјава, еден дел се ослободени, а на друг дел им се вратени и парите.

Премиерот Заев истакна дека еден дел од мерките се пуштени во Собранието и се чека на гласање од страна на пратениците.

Одлуките на Владата на седница во вторник се донесоа еден дел, а едниот дел ќе се донесат овој вторник. Платите за февруари се исплаќаат на 15 март и ќе ги добијат. Знаат текстилните фабрики, но и сите коишто конкурираат за оваа мерка за платите, за да можат меѓу 1 и 15 да им ги исплатат самите плати, за февруари, а меѓу 1 до 15 април за мартовските плати – изјави Заев.

Тој посочи дека за компаниите ќе бидат достапни сите мерки, а веќе станува достапна и алтернативната помош за компаниите, а тоа се кредитети со нула камата, а и доколку исполнат одреден услов и отпис на кредитот од 30 до 50  проценти. Таа мерка Владата ја дизајнирала за трудоинтензивните гранки, како што се текстилната и кожарската индустрија.

Прашан во каква насока ќе се движи економијата и дали ќе се достигне планираниот раст од 3,5  проценти, Заев со одговор дека деновиве Државниот завод за статистика објави податоци.

За 2020 година имавме пад од 4,4, конечно излезле 4,5 проценти. Во споредба со државите, како што се Германија, Италија, Шпанија и другите имаат 7, 8, 11 проценти пад. Значи мерките дале резултат и специфичноста на нашата економија се бори и издржува. Нормално ние сме извозно ориентирани, мал пазар сме и многу зависиме од странските пазари – вели Заев.

Тој посочи дека податоците покажауваат оти наплатата на ДДВ во февруари годинава е повисока за 12 проценти од февруари лани, кога ја немаше пандемијата, персоналаниот данок е падната за 5 проценти, додека данокот на добивка е зголемен на 26 проценти. Заев оцени дека генерално важните приходи се зголемени за 6 или 7 проценти, во споредба со лани.

Од продажбата на евробрзница од 700 милиони евра, државата веднаш ќе врати 500 милиони евра, кои имале камата од 3,9 проценти камата, со што ќе се заштедат околу 11 милиони евра на годишно нивово разлика на каматите. Додека 200 милиони се за дефицитот, којшто го има буџетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.