Во октомври треба да има средба на коморите од Македонија и Грција, а експертска група ќе работи на проблемот околу имињата на брендовите на продоизводите.
Како што најави премиерот Зоран Заев, именувањето на брендовите, како и избегнувањето на двојното оданочување, заштита на инвестициите и Договорот од Преспа ќе бидат тема на разговор на средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
По нашите избори, треба да продолжиме да разговараме за да најдеме начин како да ги решиме бренд имињата на продуктите. Во октомври, коморите од Грција, од Солун и Атина ќе бидат во Скопје за да разменат идеи, а потоа експертската група ќе продолжи да бара решение на оваа проблематика – порача Заев.
На панел дискусијата посветена на Западен Балкан во рамките на конференцијата на „Економист“, Заев се осврна и на економската ситуација во земјава и на трговските односи со Грција.
Притоа Заев изјави дека граѓаните и бизнисмените ја следат позитивната клима и изрази надеж дека по кризата со корона вирусот ќе продолжи да се зголемува трговската размена меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.