Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев истакна од Лондон дека земјите од Западен Балкан работат на зголемување на регионалната соработка преку Берлинскиот процес и како пример го наведе отворањето на One Stop Shop како модел за олеснување на трговијата меѓу земјите.

Премиерот ги повика присутните претставници на компании од Обединетото Кралство да инвестираат во земјите од Западен Балкан кои нудат добри можности за нови инвестиции што за компаниите ќе значи профит а за нашите држави и нови работни места.

Инвестициските можности на земјата се отвораат и се зголемуваат. Агенцијата Фич го подобри кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ на ББ+ и тоа е прво подобрување на кредитниот рејтинг на земјата после цели 13 години. Ова е потврда на квалитетот на економските политики и на одличните ефекти што тие ги даваат – рече премиерот Заев.

По завршувањето на билатералните спорови и постигнувањето на договори со Грција и Бугарија, ние ги отворивме нашите евроинтеграциски процеси и перспективите за економски развој. Со Грција ја зголемивме трговијата за околу 20 проценти по постигнувањето на договорот. Вкупниот извоз ни бележи раст од 16.8 отсто. Очекувам конкретни позитивни одлуки за нашата земја и Албанија – рече премиерот Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.