Меѓу инвестициите кои ги спомена Заев денеска е ски-центар на Попова Шапка за каде завршна фаза се преговорите со познат европски инвеститор.

„Пред завршна финална фаза сме на постигање финален договор за инвестиција во скијачкиот центар Попова Шапка – вредност 50 плус 50 милиони евра. Проектот е согласно Законот за концесии и јавно-приватни партнерства или стратешки инвестиции, зависи од последната фаза на договарање. Суштината е издавање на 99 години концесии на еден од најголемите инвеститори во скијачките центри во Европа. Името сè уште останува доверливо, ред е самиот инвеститор да го објави тоа кога ќе биде одлучено. Се радуваме посебно на оваа инвестиција затоа што ќе даде нова димензија на зимскиот туризам пред сè, и нашата Шар Планина и Попова Шапка ќе бидат нешто што ќе го смени имиџот на државата“,

изјави премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.