Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил ги сподели податоците од Државниот завод за статистика според кои извозот бележи раст.
Заев напиша и дека продолжува поддршката за извозните компании.
Расте извозот! Во услови на пандемија во јануари годинава остваривме поголем извоз од јануари 2020 кога во светот сѐ уште не беа на сила рестриктивните мерки за ублажување на последиците од КОВИД-19. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република С Македонија, во јануари 2021 година, изнесува 32,5 милијарди денари и бележи пораст од 15,5 отсто во однос на истиот период од 2020 година.
Во јануари 2021 година, додава Заев, според вкупниот обем на надворешно трговската размена земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.
Продолжува поддршката за сите дејности, како и за извозните компании. Покрај намалувањата и укинувањето на царинските стапки, на располагање е и финансиска поддршка преку основање Фонд за поддршка на извозни компании во висина од 10 милиони евра, кој ќе се воспостави преку Развојната банка на Македонија. Се работи за евтини кредитни продукти за компании кои најголемиот дел од своето производство го извезуваат, наведува премиерот.
Расте извозот!
Во услови на пандемија во јануари годинава остваривме поголем извоз од јануари 2020 кога во светот сѐ…
Posted by Zoran Zaev on Monday, 8 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.