Подобро сите да стиснеме заби два месеци, со цел секој да може да има приход, отколку да се доведе во прашање генералната исплата на платите, вели во интервју за „Фактор“ првиот човек на СДСМ.
Заев инсистира дека мора да има намалување на платите на функционерите и сите вработени во јавниот сектор до ниво од минималната плата од 14.500 денари.
Вели дека поради кризата, во Буџетот на земјава се очекува приходите да се намалат за 60 отсто, што може да значи недостиг од 2,2 милијарди евра.
Дури и државата да најде 1,2 милијарди евра преку кредити, една милијарда евра мора да се обезбеди од дома, преку заштеди, смета Заев.
Целото интервју на следниот линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.