Премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил се пофали дека преку договорот од Преспа сме оствариле соработка со Грција во енергетиката со што стануваме земја којашто предничи во регионот по инвестиции во зелена енергија.

Нашата намера е да партиципираме со 10 проценти во гасниот терминал Александрополис којшто е вреден околу 400 милиони евра, со 25 проценти во гасната централа којашто е веднаш до гасниот терминал со капацитет од 630 до 830 MW, вредна преку 400 милиони евра – напиша Заев.

Заев додава дека се отворени можности за унапредување на економските односи со Грција и во други области.

Како што вели, тоа сеперспективи за нови работни места, високи плати и раст на трговијата меѓу Македонија и Грција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.