Заев да објасни зошто со ребалансот има пари за партиската администрација која седеше дома, а нема пари за земјоделците, невработените и бизнисот во криза. Власта на Заев со ребалансот на буџетот не нуди развоен концепт и поддршка на стопанството, туку безобразен предизборен поткуп, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Сето ова Заев не го прави со пари кои успеале да се акумулираат изминатите години, туку со нови и нови задолжувања. Така буџетскиот дефицит е планиран да достигне над 6% или приближно 210 милиони евра нов долг ќе им се стави на товар на граѓаните. Тоа е околу 500 евра нов долг за секое семејство, само заради краткорочниот популизам, неодговорност и поткупот на власта на Заев.
Со овој ребаланс секое семејство дополнително ќе се задолжи со 500 евра.
Јавноста досега виде дека со Заев нема инвестиции, нема нови капитални објекти, нема развој, туку безобразно трошење и галопирачки долг кој веќе ќе наближува на 7,5 милијарди евра.
Овој долг кој сега Заев го прави заради купување на денови социјален мир, скапо ги чини граѓаните. Затоа 4 години власт на Заев се 4 изгубени години за граѓаните и економијата. Доста е, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.