Благој Бочварски, претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ призна дека не била промашена трасата на патот Кичево – Охрид, како што претходно се тврдеше.
Тој вечерва гостуваше на телевизијата „24“.
Од друга страна за Кичево Охрид, да се согласувам дека не била промашена трасата можеби тоа е терминологија која што се употребуваше и не од СДСМ туку и од граѓаните и од медиумите можеби била преземена од некои од СДСМ, изјави вечерва Бочварски .
Инаку, во медиумите владејачката гарнитура на СДСМ континуирано укажуваа дека изградбата на патот Кичево – Охрид доцни и дека не може да се продолжи со работа токму поради промашена траса. И премиерот Зоран Заев лично од собраниска говорница тврдеше дека владата не може да продолжи со изградба на патот заради грешка во трасата.
Не може бандитските работи на автопатите криминално да ги продолжиме заради тоа што мора да знаат граѓаните дека цела траса е промашена на патот Охрид – Кичево, проектот и она што е вистинската траса. Не може да не знаат граѓаните дека тоа што претставува нерешени имотно – правни односи заради провизијата, брзајќи да се реализира нанесува огромни штети врз Република Македонија и врз буџетот на граѓаните на Република Македонија – изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.