Лошото менаџирање на економската криза и несоодветната финансиска помош од државата за стопанството ја доведе Македонија во рецесија, јавен долг над 60% од БДП, дефицит од околу 920 милиони евра и околу 50 илјади лица кои ги изгубија своите работни места.
Ова е моменталната економска и финансиска состојба во Македонија. Во текот на наредните месеци се очекува истата уште повеќе да се продлабочува.
Во текот на зимскиот период, невработеноста уште повеќе ќе расте, особено ќе следат отпуштања во угостителскиот сектор.
Угостителите во нашиот најголем туристички регион стравуваат дека помеѓу 500 и 1000 вработени во угостителскиот сектор во Струга и Охрид ќе останат без работа зимава поради корона кризата. Дополнително последици индиректно ќе почувствуваат и останатите сектори со кои соработуваат. Велат дека со завршувањето на летото опстојуваат на стаклени нозе.
Угостители од Струга за Алсат телевизија велат дека се исплашени за опстанокот на нивниот бизнис и дека скоро воопшто и да немаат работа, народот е исплашен и не посетува угостителски објекти. Друг угостител, пак, вели дека состојбата е многу лоша и дека веќе никој не може да ја контролира, кој што смета дека особено ќе биде лоша после Нова Година. Ваквата ситуација, додава, ќе има огромни последици, посебно со невработеноста.
Во угостителството прометот е драстично опаднат, а поради страв од пандемијата и кризата луѓе во објектите има сè помалку. Угостителите велат дека ги очекува тешка и неизвесна зима.
Томче Тримче, сопственик на угостителски објект во Охрид, за Алсат вели дека веќе не се ликвидни, односно работа со загуби и поради тоа веќе почнаа да отпуштаат вработени, а на оние кои што ги задржале на работа им ја намалите платата на пола. Но и покрај овие мерки што ги презеле, пак им останува неизвесно како ќе ја поминат зимата, ако вака остане ситуацијата, ќе бидат приморани да затворат, со што многу луѓе ќе останат на улица.
Немаме средства. Ги намаливме платите за 50%. Не можеме да исплаќаме. Почнавме да отпуштаме. Не сме веќе ликвидни. Ние и да не нè затвори Владата, ќе преминеме на непопуларната мерка сами да ги затвориме угостителските капацитети, со тоа што ќе останат многу луѓе на улица, рече Томче Тримче-сопственик на угостителски објект во Охрид.
За да им се ублажат загубите угостителите бараат државата да им овозможи неколку други мерки, со кои би им се намалиле редовните трошоци. Имено, тие бараат да се намали акцизата за кафе, потоа наместо да плаќаат скапа индустриска струја, времено да може да се префрлат на поевтината тарифа што ја плаќаат домаќинствата, со што директно би им се помогнало во намалување на трошоците и би се створиле колку толку, поповолни услови за работа во ова време на криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.