Градежните активности на експресниот пат Штип – Радовиш се одвиваат со брза динамика и се очекува финализирање и пред истекот на крајниот рок предвиден со проектот, порачаа премиерот Зоран Заев  и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кои направија увид во работата на терен.

Изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш со должина од 40,41 километар и вредност од преку 42 милиони евра се реализира во две фази. Изградбата на првата делница, од Штип до Бучим е во завршна фаза, поголемиот дел е веќе асфалтиран, осветлувањето е поставено и во моментов се монтираат еластичните огради. На втората делница, од Три Чешми до Радовиш, во тек се подготовки за поставување на коловозната конструкција. Се очекува првата делница од експресниот пат за три – четири месеци да биде пуштена во употреба – истакна Заев.

Тој додаде додаде дека оваа патна мрежа се надоврзува на автопатот Миладиновци – Штип и граѓаните на југоисточниот дел на земјата за многу пократко време ќе патуваат и пристигнуваат до Скопје.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека експресниот пат Штип – Радовиш е од огромно значење и за економскиот развој на регионот каде работат околу 12 илјади мали и средни компании, но и пример за посветено работење на развој на инфраструктурата во државата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.