Премиерот Зоран Заев во обраќањето на Првиот економски форум во Скопје рече дека во моментов се прават подготовки да се отвори т.н зелен коридор со Грција за слободен и приоритетен проток на стоки. Ваква иницијатива минатата година беше прифатена во ЦЕФТА, односно помеѓу земјите од Западен Балкан.
– Од големо значење е прифатената иницијатива за проширување на зелените коридори, кои беа воспоставени во пандемијата. Таа одлука е донесена, зелените коридиопри се многу битни за трговската размена. Грција и Македонија се соседни држави, а ваквиот коридор ќе има силно влијание на економијата. Грција ќе биде првата членка на ЕУ со која ќе го отвориме зелениот коридор. Тимови од мојот и од кабинетот на Киријакос Мицотакис веќе работат на тој план, рече Заев.
Премиерот како еден од приоритетите го наведе унапредувањето на трговската размена и движењето на луѓе, стоки и услуги преку границите, дигитализација, како и паметна специјализација и подобрени работни вештини кај работниците, како и истражување и иновации во индустријата.
Заев најави дека до крајот на 2021 ќе има пад на невработеноста на 15,8 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.