Откакоа денска беше објавено дека освен премиерското, ќе го преземе и министерското место во Финансии, премиерот Зоран Заев, испрати порака кон сите што ја критикуваат политиката на власта со данокот на додадена вредност и особено мерката за поврат на ДДВ.

Секако јас и досега работев со министерот Тевдовски, ги знам сите проекции и постапки, летово нема да се случуваат некои драматични работи околу ребаланс или слично, веројатно есента. Она што е важно е на први јули да почне проектот на повраток на ддв и сите оние што кубат коси да престанат со тоа заради тоа што е изгорена нашата земја, никогаш не се враќале пари, е сега дали некој ќе добиел 12 илјади, 15 или 27 илјади и слично, дебата ја отвараат одреден дел мрчатори во општеството. Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е толку, дај боже да ввраќаме повеќе, ако проектот успева граѓаните ќе вратат повеќе пари. Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници, од први септемвери и на голем дел од јавната админситрација, но сакаме да направиме крупни чекори кон пораст на севкупните нето плати кои се земаат во земјата, изјави Заев.

Делот од видеото во кое Заев зборува за повратот на ДДВ и Министерството за финансии почнува од 4.10.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.