Невработеноста за вториот квартал од 2021 година на историски најниско ниво од 15,9% и во споредба со истиот период во 2020 година, е намалена за 4,8%, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на својата страница на Фејсбук.
„Стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5% во последните три квартали; И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8% и е многу блиску до просекот на ЕУ (60%), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7%, пишува Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.