Сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата. Наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата со години се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас, како и течен гас од САД и од други земји. Го изразивме нашиот интерес за учество во сериозен геостратешки и европски проект, поддржан од САД, гасоводот Александрополис.
Ова во интервју за „Капитал“ го изјави премиерот Зоран Заев, информирајќи дека анализите покажуваат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција.
Тој додаде дека оваа инвестиција обезбедува „букирање“ на капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.