Премиерот Зоран Заев изјави дека цел на Владата е работен ангажман на сите млади, тие да бидат мотивирани да отворат свој бизнис во земјата.
Заев додаде дека верува дека ќе земјава ќе биде одличен пример во регионот за стартап можностите, иновативноста и технолошкиот развој.
За останатите млади имаме огромна побарувачка на квалификувани кадри од приватниот сектор. Конечна цел ни е од 2022 година сите млади до 29 години да бидат ангажирани – изјави Заев во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.
Тој изјави дека од следната година на секој млад човек што ќе тргне на работа, државата ќе му ги плати придонесите и ќе има дополнителни стимулации.
Оние кои немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство директно во компаниите каде што ќе бидат ангажирани. Целта на паѓањето на процентот на невработени млади од 42 на 29 проценти во моментот ќе продолжи како тенденција до 2024 година за да обезбедиме помалку од 17 проценти на невработеност на младите. Работиме во повеќе насоки – една е развојот на стартапите, а другите да бидат ангажирани уште во младоста и на развојот на пратиканството – прецизира Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.