Извори од лидерската брифираат дека Заев кажал дека стопанството во ист удар мора да го преживее корона вирусот и изборниот процес и дека демократијата е скапа работа. Тој посочил дека сега и онака нема пари на светскиот пазар па така голема финансиска инекција не може да се очекува во наредните месеци.
Политичкиот живот мора да тече, а граѓаните мора да се прилагодуваат на ново настанатата состојба и самите да стекнат имунитет од заразната болест со тек на времето.
Заев рекол дека тоа е реалност и тоа мора да се прифати бидејќи секој ден мора така да се живее. Демократијата било скап систем кој мора да има приоритети и директна финансиска потркепа.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.